Кошарка
Како Македонија може да дојде до историски пласман на СП 2023
ФИБА одлучи малку да го промени системот, па во првата, 32 репрезентации во европските квалификации ќе бидат поделени во осум групи од по четири. Првопласираните три од секоја група одат во следната фаза каде се спојуваат со друга и ги пренесуваат бодовите од првата фаза.
Македонија шансата да се бори за место меѓу најдобрите во светот ја доби со освоеното прво место во претквалификациите кои на почетокот од месецов се одржаа во Скопје и тоа со пресметките со Швајцарија и Словачка. Сите тимови завршија со скор 2-2, но жолто-црвените и Словаците се пласираа понатаму поради подобрата кош-разлика.
Првопласираните три од секоја група одат во следната фаза каде се спојуваат со друга и ги пренесуваат бодовите од првата фаза.
Тоа значи дека во втората етапа ќе има четири групи од по шест репрезентации, но нема да се почнува од „нула“. Пласман на Мундобаскетот обезбедуваат првопласираните три репрезентации од новоформираните групи, односно од втората фаза.
Првата етапа ќе се игра во три прозорци: од 20 до 30 ноември 2021, од 21 февруари до 1 март 2022 и од 27 јуни до 5 јули 2022 година. Во втората етапа ќе се игра од 22 септември до 30 август 2022, од 7 до 15 ноември 2022 и од 20 до 28 февруари 2023 година, со по два натпревара во секој прозорец.
Ждрепката за квалификациите за Светското првенство ќе се одржи на 31 август, а на неа првпат во историјата ќе учествува и македонската репрезентација.