Тајмаут
Како Мурињо му ја плеснал вистината в лице на Озил: Сине, целиот тим на Милан, Интер, а и стручниот штаб спиеле со твојата девојка!
Познатиот фудбалер Месут Озил неодамна одлучи да ги закачи копачките и да замине во заслужена пензија.
Можеби ова е најдобрата одлука за него, со оглед на тоа што со години не игра на своето препознатливо ниво. Зад себе има феноменална и богата кариера, а најдобрите партии ги одигра во Реал Мадрид каде настапуваше од 2010 до 2013 година.
Шпанскиот весник „Ел Конфиденсијал“ пред неколку години објави снимки од разговорите на Флорентино Перез, на кои се слуша дека тој знаел се за љубовниот живот на Месут Озил, но за тогашната девојка немал ништо убаво да каже.
Инаку, Озил тогаш се забавуваше со венецуелската манекенка Аида Јеспика.
Озил се заљуби во манекенка од Милано.
Мурињо, тогашен тренер на Реал Мадрид, каде играше Озил му рекол: Целиот тим на Милан, целиот тим на Интер и целиот тренерски штаб спиеја со твојата девојка.
Мислам дека Озил раскина со неа по таа изјава. Месут имаше 21 година кога дојде со девојка, но брзо ги откри шармите на Мадрид и го промени својот животен стил, изјави Перез на .
После оваи Мурињо и Озил биле во конфликт бидејќи на германскиот фудбалер не му се допаѓало што така зборува за Аида.
Недолго потоа Озил и Аида ставија точка на врската, а потоа германскиот фудбалер се ожени со шведската актерка со турско потекло Амина Ѓулше.