Фудбал
Како пропаднал трансферот на Варди во Арсенал: Седнал пред Венгер и се беше готово
Поранешниот главен преговарач за трансферите на Арсенал Дик Ло откри како англискиот напаѓач Џејми Варди во последен момент се откажал од транфер на „Емирати“, иако сите детали биле договорени.
Варди во Арсенал требаше да дојде во 2016-та година, но откако двата клуба се договориле, но и откако фудбалерот се согласи на условите, преостануваше само Варди да го направи разговорот со Венгер и да потпише.
Сепак, во последен момент напаѓачот се предомислил и барал уште една вечер да разнисли. Тогаш стана јасно дека ќе се откаже од трансферот.
-Постигнавме договор со Лестер како и со Варди. Дојде со сопругата во Лондон, седна пред Венгер и потоа се повлече. Додека патуваше назад во Лестер ми се јави и ми рече дека сака уште една вечер да размисли. Во тој момент знаев дека станува збор за лоши вести, откри Ло, во интервју за „The Athletic“.
Варди по ова навистина се предомислил и одлучи да остане во Лестер каде што игра и денеска. Во 2016-та година клубот го напушти Н’Голо Канте кој замина во Челзи. По ова Арсенал се обиде да го ангажира Ријад Махрез, но тој во 2018-та замина во Манчестер Сити.