Други спортови
Како шеиците во Саудиска Арабија го пречекаа Новак Ѓоковиќ, се е позлатено, дури и ѓезвето (ВИДЕО)
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ веќе неколку дена е во Саудиска Арабија, а шеиците во оваа земја му приредија спектакуларен пречек.
Riyadh nights ft. Special Guest @DjokerNole
🤩 🥤 🌃 📲 🛥️ 📸 pic.twitter.com/Vxe3fe08KW— TRAVEL&Sp🎾rts (@travel__Sports) December 27, 2023
Ѓоковиќ се подготвува за новата сезона во календарот на АТП, која стартува за само неколку дена. Како голема ѕвезда, Ѓоковиќ беше пречекан на спектакуларен начин во Саудиска Арабија. Шеиците во Ријад се погрижија да се направи се за тениската ѕвезда да се чувствува фантастично во нивниот град и земја. На видеото објавено на Твитер се гледа како му ја комплетирале ноќта на најдобриот светски тенисер и се погрижиле да не пропушти ништо. Според достапните снимки, се чини дека и самиот Ѓоковиќ бил воодушевен од она што го видел во Ријад.