Connect with us

Фудбал

Како во мафијашките филмови, 680.000 долари во куферче за Иванковиќ

Поради санкциите од Америка, иранските клубови се најдоа во големи проблеми поради исплатата на странските тренери и играчи. Фудбалскиот клуб Персеполис најде решение – својот хрватски тренер на кого му должи 680.000 долари ќе му ги исплати во кеш, спакувани во куфер како во мафијашките филмови.

Во Персеполис го повикале Иванковиќ да допатува во Техеран и да си го подигне куферот со парите. Ембаргото наметнато од САД не дозволува меѓународни трансфери на толку големи суми преку банка.

Конфликтот меѓу САД и Иран доведе со санкции за исламската република во врска со спорот околу нејзините нуклеарни планови. Иванковиќ се повлече од тие причини, а се договори со египетскиот Ал Ахли.

Поради истите причини екс-селекторот на Иран Карлос Кеироз се жалеше на ФИФА, а сегашниот селектор Марк Вилмотс исто така не може да добие милионската плата, па ќе видиме дали исто вакво решение ако трофејниот ирански клуб ќе донесе и Федерацијата.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com