Connect with us

Фудбал

Каколку да сака не може да го исфрли македонското во него, игра за Шведска и Тотенхем, ама сочно пцуе на македонски (ВИДЕО)

Тотенхем загуби од Астон Вила на домашен терен со 1:2, иако имаше подобри шанси и повеќе од игра. На 0:0 голема шанса имаше Дејан Кулушевски, Швеѓанец со македонско потекло кој ја погоди стативата. Токму ова промашување беше причина да се изнервира и да почне да пцуе на македонски јазик.

Кулушевски како што е познато има потекло од охридскиот регион, поточно неговите родители, имаше понуди да игра за сениорската репрезентација на Македонија, настапуваше за младинските селекции на нашата земја, но потоа одлучи да ја одбере Шведска каде што е роден.