Фудбал
Каков дебакл: Решил да го истетовира Меси на грбот, па се покајал засекогаш (ФОТО)
Во неделата заврши уште едно Светско првенство. Аргентинците ја освоија титулата предводени од Лионел Меси.
Многу светски стручњаци, но и самите фудбалери се убедени дека Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња, а за конечно да им го докаже тоа на сите му била потребна титулата светски првак.
Меси е икона во Аргентина, навивачите буквално му се поклонуваат, а многумина решија да го истетовираат по освојувањето на титулата.
Така еден обожавател решил да посети уметник за тетоважи и засекогаш зажалил за тоа. Донел фотографија која сака да ја види на грб, но згрешил што го избрал мажот кој ќе го истетовира.
Меси на грбот едвај личи на себе, многу е подебел, а таа тетоважа насмеа многу луѓе.
Само на Твитер е прегледан над 17 милиони пати, но продолжува незапирливо да се шири низ Интернет.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) December 22, 2022