Connect with us

Фудбал

Каков гест на Кристијано Роналдо, се откажал од наградата и му ја предал на Левандовски

Кристијано Роналдо вчера на „Globe Soccer Awards“ манифестацијата која се одржа во Дубаи, беше прогласен за играч на векот, иако овој век само што започнал. Но, Роналдо добил најмногу гласови од навивачите и стручното жири за изборот најдобар фудбалер за 2020 година. Сепак, самиот одлучил таа награда да ја добие некој друг, поточно Роберт Левандовски. Полјакот пред неколку дена во изборот на ФИФА беше прогласен за најдобар во 2020, а со Баерн оваа година освои тројна круна.

Кога слушнале од организаторите дека Роналдо ќе ја добие оваа награда, тој и неговиот менаџер Мендеш одлучиле од почит кон Левандовски на Полјакот да му биде доделена. Роналдо навосно сметал дека Левандовски постигнал повеќе од него во 2020-та и дека не е убаво Португалецот да ја добие наградата само врз основа на полуларноста.