Connect with us

Кошарка

Каков гест на Лука Дончиќ, се понудил да ги плати трошоците за погребот на жртвите во масакрот кој го стори 14-годишникот во училиште во Белград

Кошаркарот на Далас Маверикс и словенечки репрезентативец  Лука Дончиќ се понудил да ги плати трошоците за погреб на жртвите од трагедијата што се случи во средата во Белград, во која 14-годишно момче уби осум свои врсници и член на обезбедувањето на ОУ „Владислав Рибникар“.

Дончиќ преку својата Фондација ќе ги плати и трошоците за психолошко советувалиште за семејствата и пријателите на починатите како и за вработените во училиштето.

„Моето срце е скршено од трагичното пукање во Србија и изгубените животи, вклучително и оние на невините деца. Моите мисли се со семејствата и општеството погодени од оваа трагедија. Преку мојата Фондација барам начин итно, но и долгорочно да им помогнам на учениците, училиштето и семејствата погодени од трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“. На тоа сум посветен, повеќе информации за можностите за помош ќе дадам кога ќе станат достапни“, се вели во изјавата на Дончиќ.