Connect with us

Кошарка

Каков кам-бек на Партизан, од минус 17 до победа против европскиот првак (ВИДЕО)

Кошаркарите на Партизан стигнаа до голем триумф во Истанбул на гостувањето кај европскиот шампион Анадолу Ефес. Избраниците на Жељко Обрадовиќ ги совладаа избраниците на Ергин Атаман со резултат 97:84, иако во првото полувреме имаа негатива од 17 поени.

По оваа победа црно-белите имаат скор 16-13 и се во многу добра позиција пред последните пет натпревари во регуларниот тек на Евролигата, во однос на пласманот во плеј-офот. На Партизан му претстојат уште домашните натпревари против Олимпијакос, Барселона и Реал Мадрид, гостувањето во Монако и дуелот во „Штарк Арена“ со Панатинаикос.

Advertisement