Фудбал
Каков меч, луд меч, осум голови на дуелот Челзи – Манчестер Сити (ВИДЕО)
Каков супер интересен меч со осум постигнати голови одиграа Челзи и Манчестер Сити, а на крајот по еден бод за двата тима. Водството се менуваше на двете страни, но бодот Челзи го освои во 95-та минута од пенал.
Сити поведе со голот на Халанд во 25-та минута од пенал. Во 29-та и 37-ма Челзи преку Силва и Стерлинг прави целосен пресврт. До крајот на првиот дел Аканџи постигна гол за 2:2.
Само што почна вториот дел, во 47-ма минута Халанд постигнува гол за 3:2 во корист на Сити. Овој резултат важеше до 67-ма минута кога Џексон погоди за 3:3. На четири минути до крајот од регуларниот дел Родри постигнува гол за 4:3 во корист на Сити. Судијата го продолжи мечот речиси 10-минути, а во 95-та од пенал конечните 4:4 ги постави Палмер.
Standings provided by Sofascore