Connect with us

Фудбал

Каков шок за Челзи-Нема трансфери, нема продажба на билети, специјална лиценца која го спречува Абрамович да го продаде клубот

Забрана за трансфери и за продажба на нови билети се меѓу рестрикциите што британската влада ги воведе за Челзи откако неговиот сопственик Роман Абрамович се најде под санкции поради руската инвазија на Украина. Европскиот и светски првак ќе работи под посебна владина лиценца која го спречува планот на Абрамович за продажба на клубот, кој, сепак, ќе смее да игра натпревари.

Според новите регулативи, клубот не смее да продава производи во своите фан шопови. За организирање на еден меч на „Стемфорд бриџ“ можат да се потрошат најмногу 500.000 фунти, а за патување на натпревар до 20.000 фунти.