Фудбал
Каков срам за ПСЖ, клубот им плаќа на навивачите да пишуваат убави работи на социјалните мрежи!
Тотален хаос во Пари Сен Жермен. По проблемите со Лионел Меси, и со протестите на навивачите кои бараат тој и Нејмар да го напуштат клубот, се појавија нови информации. Наводно луѓе од францускиот клуб давале пари на поединци за да пишуваат убаво за нив. Се започна со порака на еден од инфлуенсерите по име Сабри кој објави на Твитер.
„Мојот договор со нив истекува на 13 јуни и ви давам збор дека после тоа ќе ви кажам се. Веќе ништо не ме интересира, уморен сум, нема да ги чувам работите во себе додека мојот клуб прави вака, напиша тој, а тамошните медиуми наведуваат дека добиваат по 1.000 евра по натпревар за да напишат позитивни работи.