Фудбал
Каква бројка, РТЛ тврди дека над 7 милиони Германци го гледале мечот Македонија-Германија
Селекцијата на Германија по победата синоќа од 4:0 против Македонија во Скопје стана првата селекција која обезбеди палсман уште сега на СП во Катар во 2022 година. Според податоците кои ги објави угледната германска телевизија РТЛ, мечот Македонија-Германија покрај малите екрани го гледале дури 7,12 милиони Германци. За споредба, овој натпревар привлече двојно поголемо внимание од финалето во Лигата на Нации во кое играа Франција и Шпанија.