Connect with us

Тајмаут

Каква брука на познат рапер, се фотографирал со Роналдињо, па напиша: Само што го запознав мојот омилен кошаркар (ФОТО)

Роналдињо е човек кој остави неизбришлива трага во фудбалот, а ретко кој на светот не слушнал за славниот Бразилец. Познатиот фудбалер има многу обожаватели, го поддржуваат на секој чекор, а меѓу нив е и познатиот рапер Лил Пумп, кој сакаше да се фотографира со Роналдињо.

Сепак, врз основа на објавата на Инстаграм, се поставува прашањето дали раперот воопшто знае кој е Роналдињо, со оглед на тоа што на социјалната мрежа напиша дека го запознал својот омилен кошаркар.

– Само што го запознав мојот омилен кошаркар – напиша „Лил Пумп“ на Инстаграм.