Фудбал
Каква година, во Италија важно е да се презиваш Инзаги
Браќата Филипо и Симоне инзаги оставија голема трага во фудбалот како играчи. Особено Филипо кој со Милан освои се што можеше да се освои. Добар беше и Симоне, но не како неговиот постар брат.
Сепак, помладиот од браќата Инзаги е многу поуспешен како тренер. Лацио во моментов е лидер на табелата во Серие А и на голема врата влезе во трката за борба за шампионска титула. Годината секако е одлична за семејството Инзаги, бидејќи и неговиот постар брат има одлични успеси.
Тој е тренер на Беневенто. Вчера неговиот тим направи пресврт против Специја, забележа нова победа и нови три бода, со што обезбеди 17 бодови предност на лидерската позиција пред второпласираниот Фросиноне. Имаат само еден пораз сезонава и речиси сигурно на крајот ќе бидат промовирани како нови членови на елитната лига на Италија.
Последен пат Беневенто забележа пораз од Пескара во октомври минатата година. Од друга страна, пак, Лацио последен пат во Серие А загубил од Интер и тоа во септември минатата година.
Следната година речиси сигурно ќе гледаме тренерска братска пресметка во Серие А.