Connect with us

Фудбал

Каква изјава на легендите по една добра мини серија: Манчестер Јунајтед може до титулата!!!

Манчестер Јунајтед синоќа го совлада Шефилд со 3:2 на гостински терен со што ја продолжи добрата серија. На последните пет меча „Црвените ѓаволи“ имаат четири порази и едно реми во Премиер лигата. Со тоа полека, но сигурно се качува на табелата. Сега е на шестото место со 23 бодови, но само пет помалку во однос на лидерот Ливерпул. Со оглед на тоа дека има уште многу да се игра, оваа разлика не е голема и недостижна.

Па, од таму се и таквите изјави дека Манчестер Јунајтед може до титулата оваа сезона.

Пофални зборови дадоа легендите Пол Сколс и Мајкл Овен.

-Ако клучните играчи бидат здрави до крајот, имаат шанси да стигнат до самиот крај. Играат многу интересен фудбал, а Солскјер ја пронајде вистинската формула. Не го менуваше составот на последните пет меча и тоа се одлично фунционира, вели Сколс.

-Можат да бидат шампиони, тоа е сигурно. Погба, Фернандеш и Рашфорд мора да играат. Тогаш тимот изгледа фантастично изјави Мајкл Овен, кои беа во улога на стручни коментатори во една ТВ.