Connect with us

SPORTM.mk

Каква Супер лига, какви бакрачи: Директната пресметка за Лигата на шампионите не може да се спореди со ништо!

Последните недели, славната Супер лига беше прва тема во светот на фудбалот, но УЕФА брзо реагираше и спречи фантомски проект на неколку европски великани.

Лигата на шампионите е сè уште хит, и така ќе биде до фудбалот. За тоа сведочи директната пресметка за елитното натпреварување од Лига 1, каде синоќа се сретнаа Монако и Лион.

Во вистински трилер и со фантастична завршница гостите извојуваа голема победа со 3:2 и се вратија во борбата за Лигата на шампионите на три кола пред крајот.

По последниот судиски свиреж, настана вистински хаос меѓу играчите на теренот, па дури дојде до физички конфликт.

Провокациите беа очигледно големи и настана конфликт меѓу нив, но за среќа траеше само неколку секунди.

Имаше тешки зборови, благи удари и по околу 30 секунди општа гужва, играчите се смирија, а обезбедувањето ги придружуваше до соблекувалните.

На крајот, судијата Турпан подели дури пет црвени картони. Пјетро Пелегри и Вилем Гебелс од домашниот тим и Марсел и Де Шиљо од гостите поради тепачка и Какерет во текот на мечот.

Монако водеше со голот на Воланд, Депај и Марсело направија пресврт, но во 86. минута Бен Једер погоди од белата точка. Се чинеше дека ќе остане нерешено, но Лавовите погодија за победа во 89. минута преку Черки, само една минута откако тој влезе во игра.

На три кола пред крајот Монако е трет со 70, а четвртиот Лион има бод помалку. Во исто време ќе се води голема борба за титулата, бидејќи водечкиот Лил има 76 бода, а второпласираниот ПСЖ има 75 бода.