Connect with us

Фудбал

Каква трагедија за Клоп, почина неговата мајка, а тој не може на погребот

Менаџерот на Ливерпул, Јурген Клоп дознал тажна вест денеска. Неговата мајка Елизабет починала во 81-та година од животот, а Клоп нема да може да присуствува на погребот. Поради рестрикциите воведени поради коронавирусот, Германија не дозволува влез во земјата на патниците од Велика Биртанија, па поради тоа тренерот на Ливерпул нема да може да ја испрати неговата мајка во вечното почивалиште.

-Ми беше се. Беше вистинска мајка во најдобра смисла на зборот. Знам дека сега си на подобро место. Не можам да отидам на погребот поради овие ужасни времиња. Но, штом ќе можам ќе одржиме церемонија каква што заслужува, порача Клоп.