Connect with us

Тајмаут

Каква трансформација: Погледнете како изгледала Георгина пред Роналдо (ВИДЕО)

Многумина не знаат како изгледала Георгина Родригез пред да го запознае Кристијано Роналдо.

Вереницата на ѕвездата на Манчестер Јунајтед е ѕвезда на новата серија на Нетфликс „Јас сум Георгина“ која многу брзо ќе биде достапна за јавноста.

Судејќи по скриншот, можеме да видиме дека Георгина имала многу поширок нос, потенки усни и помали гради, па шпекулациите дека направила голем број естетски зафати на телото изгледаат точни.

Претходно и самата Георгина изјавила дека не била многу убава во младоста, а нејзината трансформација ја опишала како пат од грдо пајче до лебед.

“Се сакам себе си таква каква што сум. Никој не е совршен, но сите сме единствени. Тоа само по себе е посебно”, рекла Георгина.

Во серијата, која наскоро ќе ја види светлината на денот, се очекува Георгина да открие повеќе детали од приватниот живот, како и дали конечно ќе стапне на лудиот камен со Кристијано Роналдо.