Connect with us

Фудбал

Калчо дуел за Вајгл

Италијанскиот калчолигаш Рома доби сериозна конкуренција од големиот ривал Милан, кога е во прашање потписот на големиот талент од редовите на германскиот бундеслигаш Јулиан Вајгл.

Одличниот играч за врска веќе не крие дека е незадоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и се погласни се шпекулациите дека ќе си замине од “Сигнал Идина Парк” за време на зимскиот преоден рок.

Пред неколку дена челниците на Милан имале состанок со шефот на стручниот штаб, Џенаро Гатузо, кој дал зелено светсло за евентуалниот трансфер на Вајгл.