Connect with us

Други спортови

Калин Ивановски пред Рафаел Надал на АТП листата!

На новата АТП листа, легендарниот Рафаел Надал се најде на 666 место. Тоа е секако очекувано со оглед на тоа дека долго време беше повреден. Надал годинава одигра само три меча во кои забележа победа и два порази и е на 666. место со само 45 поени на своето конто, односно дури 11.200 поени помалку од најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ. Надал својот последен меч на Австралија опен го одигра на 18 јануари, а најави враќање на турнирот во Бризбејн кој започнува на 31 декември, по што треба да игра и на Австралија Опен.

Интересно е тоа што во моментов на АТП листата подобар пласман од легендарниот Надал има нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски. По успешните неколку турнири, Ивановски се најде на 325 место на АТП листата.