Connect with us

Други спортови

Калин Ивановски за историја во осминафиналето на јуниорскиот Вимблдон

Прв противник на новото македонски тениско чудо ќе биде домашниот натпреварувач Џек Пинингтон Џонс и тоа во осминафиналето кое почнува во 13 часот.

Македонски тенисер, Калин Ивановски избори осминафиналето на јуниорскиот Вимблдон, откако во второто коло го победи Литванецот Едас Бутвилас со 2-0. Двата сета Македонецот ги доби на тај-брејк со по 7:6.

Талентираниот Калин Ивановски (17 години) би можел засекогаш да го памети денешниот ден како еден од најблескавите во својата кариера и во македонската тениска историја, за што му се потребни две победи на теренот број 3 во „Њу Ингланд клубот“ со кои би се нашол меѓу четирите најдобри на јуниорскиот дел од гренслем-турнирот „Вимблдон“.

Нашиот Ивановски на АТП ранг листата е на 1.654-то место, додека Британецот е 1.195-ти па на овој меч домашниот тенисер влегува како фаворит.