Connect with us

Фудбал

Камбек на Ариен Робен

Голема е веројатноста дека по пауза од 15 години, крилниот напаѓач на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), Ариен Робен, повторно ќе го облече дресот на холандскиот гигант ПСВ.

Легендарниот репрезентативец на Холандија, пред неколку дена потврди дека ја игра последната сезона како фудбалер на Баерн (М), а предводникот на ПСВ, неговиот поранешен тимски колега, Марк ван Бомел, потврди дека сака да ги има на располагање неговите услуги во новата сезона.

И клупските челници на ПСВ потврдија дека се добар пат повторно да ги осигураат услугите на крилниот напаѓач.