Фудбал
Канаваро: Загрижен сум за Италија …
Поранешниот одличен италијански фудбалер Фабио Канавао денес е тренер на кинескиот Гуангжу Евергранде.
Неговата родна Италија е потресена некое време од голема криза во врска со појавата на коронавирусот – што започна во Кина (Вухан).
Во интервју за „Радио Раи“, Канаваро ја спореди ситуацијата во Кина со онаа во Италија и истакна дека беа потребни четири месеци (од појавата на изворот) во земјата каде што работи за да се продолжи со спортските активности.
Потсетиме, Серија А беше прекината на 9 март, ден по дербито на Интер и Јувентус.
„Ќе ви дадам пример. Ја напуштив Кина на 5 јануари, а спортските активности продолжуваат на 1 април, значи тоа се четири месеци“, рече Канаваро, продолжувајќи:
„Според мое мислење, ситуацијата е многу деликатна и мислам дека ќе трае уште два месеци во Италија. Се надевам дека може да биде порано, но тоа ќе биде комплицирно“.
„Сè поминува, но потребно е време. Јас сум малку загрижен за Италија, нови мерки се воведуваат секој ден. Некој треба да одлучи и да ги натера сите да останат во домовите неколку недели“, рече Канаваро.