Фудбал
Кандидат за претседател на Барса го сака Мбапе, доколку биде избран
Барселона, 16 октомври 2020 (МИА) – Еден од кандидатите за нов претседател на Барселона – Виктор Фонт, сака да го привлече Килијан Мбапе, доколку биде избран на оваа функција, тврди шпански „АС“. Сепак, ПСЖ не сака лесно да го пушти играчот, а исто така главен фаворит за потписот на 21-годишниот фудбалер е најголемиот ривал на „каталонците“ – Реал Мадрид.
Актуелниот договор на Мбапе истекува за 18 месеци, а парижаните веќе му понудија нов. Според информациите, францускиот шампион му нуди на светскиот шампион нова 5-годишна зделка вредна 150 милиони евра. Сепак, двете страни сè уште не успеаја да постигнат договор.
Интересот на Реал за Мбапе е познат подолго време, бидејќи идол на младиот напаѓач е тренерот на Мадрид – Зинедин Зидан.
Фонт, сепак, сака да го грабне Мбапе од под носот на Реал Мадрид, иако, ако самиот играч не се предомисли, тешко дека ќе постигне договор.
Иако има само 21 година, француската sвезда освои многу големи трофеи, вклучувајќи го и Светското првенство во 2018 година. Мбапе допрва треба да ја освои Лигата на шампионите, но постигна неверојатни 33 гола на 35 натпревари на турнирот.