Connect with us

Фудбал

Кандрева го напушта Интер

Антонио Кандрева, крилниот напаѓач на Интер, сака да го промени клубот и сега се отвора можноста да замине во Торино.

Кандрева не е задоволен со минутажата во Интер во кој дојде во 2016. година и сегањ размислува да го напушти клубот.

Како што пишуваат италијанските медиуми, реална е опцијата да премине во Торино, кој ќе настојува да го донесе во своите редови на позајмица до крајот на сезоната, а потоа и да можат да го откупат договорот.

Кандрева се надева дека со настапите во некој друг клуб како што е Торино, повторно ќе добие шанса во дресот на италијанската репрезентација, за која не игра од март.

Кандрева има 31 година и сигурно дека во оваа фаза од кариерата не сака да биде резерва, а пред Интер три години играше за Лацио.