Connect with us

Фудбал

Канте донесе одлука, заминува од Челзи

Челзи го промени тимот ова лето, но имаше збунувачки почеток на сезоната што доведе до промена на менаџерот.

Како Антонио Рудигер Ромелу Лукаку, Андреас Критенсен, Маркос Алонсо, Тимо Вернер и други летово го напуштија Стемфорд Бриџ, а Н’Голо Канте исто така би можел да ги следи нивните стапки.

Французинот има договор со „сините“ кој истекува за неполни 12 месеци и се уште нема вести за продолжување на соработката.

Канте на крајот од сезоната ќе има 32 години, а „сините“ почнаа да го подмладуваат составот. ПСЖ ќе се обиде да ја искористи таквата ситуација и да го привлече во своите редови.

ПСЖ летово го засили средниот ред со Витиња, Ренато Санчез, Карлос Солер и Фабијан Руиз, но според локалните медиуми, Луис Кампос очигледно чувствува дека на овие играчи им е потребна поддршка од некој кој знае како да ги освои најважните трофеи.