Connect with us

Фудбал

Капело: Ако Јувентус го донесе Де Лихт, треба веднаш да го добијат Скудетото

Легендарниот италијански стручњак Фабио Капело не верува дека наредната сезона ќе биде возбудлива кога е во прашање Серија А.

Јувентус веќе осум години доминира во Италија и речиси немаше сезона која беше возбудлива. „Старата дама“ многу пред завршувањето на сезоната ја обезбеди титулата, а многумина веруваат дека така ќе биде и следнава сезона.

Капело порача дека доминацијата на Јувентус тешко дека ќе се заврши наредната сезона, а доколку се остварат сите трансфер шпекулации околу „Старата дама“, тогаш според неговите зборови, титулата треба веднаш да ја добие Јувентус на самиот почеток на сезоната.

„Ако Јувентус го донесе Матијс де Лихт, тогаш тоа е крај. Сигурно ќе бидат прваци и следната сезона и веднаш треба да ја добијата титулата. Де Лихт е еден од најдобрите дефанзивци моментално и тука е се’ јасно“, рече Капело и додаде:

„Јувентус ќе добие џекпот со неговиот ангажман и јасно е зошто толку се труди. Секако тука има и други тимови како Наполи и Интер кои можат нешто, но тешко дека ќе се случи нешто епохално. Што се однесува до Рома, Милан и Лацио, тие немаат шанса да се натпреваруваат за титулата во Серија А“.