Фудбал
Капело спореди играч на Јувентус со рагбист
Играчот од средниот ред на Јувентус, Артур Мело е именуван како еден од виновниците за елиминацијата на велемајсторот од Торино во осминафиналето на Лигата на шампионите. „Старата дама“ загуби со 0:3 од Виљареал во реваншот и со вкупен резултат 1:4 го напушти турнирот во првото коло од елиминациите.
Медиумите од Апенините го критикуваа Артур поради недостатокот на офанзивна креативност, што беше еден од големите проблеми на Јуве во добро уредената одбрана на Виљареал. Легендарниот специјалист Фабио Капело, кој работи како аналитичар за Sky Sport Italy, го спореди Артур со рагби играч.
„Никогаш не сум ја сакал играта на Артур. Тој не може да подава долга топка напред, тоа е како да игра рагби – додава само странично и наназад“, изјави Капело.
Во редовите на критичарите на Артур се приклучи и поранешниот играч на Јувентус, Патрис Евра.
“Многу сум разочаран од она што го видов на овој натпревар. Од Макс Алегри не може да се очекуваат чуда, бидејќи тој нема класа, особено во средниот ред. Во мое време играа со Клаудио Маркизио, Артуро Видал, Андреа Пирло, а сега го имаме Артур. „Тој не даде ниту едно додавање за да го изненади својот противник. Артур не може да направи разлика“, изјави Евра за Amazon Prime Italy.