Фудбал
Капитенот на Бразил даде интересна најава за натпреварот со Хрватска, а тоа не е се што кажа…
Очекувано, Бразил ја совлада Јужна Кореја и обезбеди меч Хрватска во четврт-финалето во петок од 16:00 часот. Најавата за таа средба ја соопшти капитенот на Бразил, Дани Алвеш:
„Тежок противник со многу добри играчи кои играат во големи европски клубови. Фудбалска школа слична на српската, со многу физички интензитет. Мора да се прилагодиме, мора добро да ја испланираме играта“.
Алвеш е најстариот играч на Бразил, а ова му е четврти Мундијал. Тој не игра од првата минута, но тој е човекот кој е тука за атмосферата.
„Хрватска заслужува почит. Ќе имаме голем противник. Верувам дека во моментов треба да застанеме на земја, да продолжиме со истото смирение. Овој тим е многу силен, многу мирен. Денеска отидовме малку подалеку на патот до целта. Мора да останеме смирени, треба уште многу да се случи“, изјави Алвеш.