Фудбал
Капитенот на Јувентус: Ќе беше подобро Роналдо да заминеше порано
По три години во гигантот во Торино, португалската sвезда се врати во Манчестер Јунајтед, каде игра многу добро.
Јувентус многу се мачеше по заминувањето на Кристијано, но „Старата дама“ изгледа подобро и почнаа да редат победи во првенството и Лигата на шампионите.
Капитенот на Џорџо Кјелини, смета дека Кристијано требало да си замине порано, бидејќи тоа ќе беше многу подобро за тимот.
-Роналдо си замина на 28 август, но ќе беше многу подобро за нас ако заминеше порано. Бевме шокирани од неговото заминување, а ако го направеше тоа порано, ќе имавме повеќе време да се подготвиме за сезоната , искрен е Кјелини.
Капитенот на Јувентус наводно е единствениот кој не се поздравил со Португалецот при неговото заминување.
Кристијано Роналдо одигра 134 натпревари за гигантот во Торино и постигна 101 гол.