Connect with us

Фудбал

Капитенот на Лидс со таблет во рацете излезе на теренот и го воодушеви целиот свет (ВИДЕО)

Лидс Јунајтед одигра нерешено против Арсенал во рамките на деветтото коло од англиското првенство.

Видовме одличен гест на Еланд Роуд пред почетокот на овој натпревар. Имено, сите се прашуваа зошто капитенот на домашниот тим, Лиам Купер, има таблет во рацете, но причината ги воодушеви сите.

Имено, преку видео, виртуелна маскота беше 13-годишно момче Елиот Меткалф кој е голем обожавател на Лидс.

Елиот за жал ја води борбата против ракот и клубот реши да го поддржи и разубави неговиот ден на овој начин.