Тајмаут
Капитенот на Манчестер Сити има три девојки во исто време – Со најдобрата пријателка на сопругата доби дете, а се гледал и со манекенка!
Кајл Вокер не престанува да шокира со деталите од неговиот љубовен живот! Капитенот на Манчестер Сити неодамна беше во центарот на вниманието бидејќи мораше да се исели од својата куќа вредна 3.000.000 евра, откако неговата сопруга Ени Килнер поднесе барање за развод поради неверство.
Тогаш беше откриено дека причина за разводот била неговата паралелна врска со манекенката Лорин Гудман, со која имаше две деца. Тој веќе има три деца со сопругата Ани Килман, а сега се откри дека освен овие пет сакал и шесто дете – со трета сопруга! Англискиот таблоид „Сан“ откри дека Кајл Вокер бил во врска со сè уште неименувана манекенка од 2019 година до септември 2021 година.
Но, најновите информации од Островото фрлаат ново светло на љубовниот живот на Вокер, имено дека 33-годишниот во исто време имал сопруга и љубовница, но и афера со друга манекенка. Очигледно се запознале во кафеана и Вокер сакал да има дете и со неа!
Всушност, Лорин Гудман и Ени Килнер се познаваат многу добро, а сопругата на Кајл во една прилика истакнала дека тие се најдобри пријателки и дека и било уште потешко поради измамата.