Фудбал
Капитенот на Реал Мадрид откри кое е новото засилување во Реал
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос наводно инсистирал за трансфер на својот репрезентативен колега во редовите на Реал.
Капитенот на „Кралевите“ побарал од претседателот Флорентино Перез да го купи Алваро Одриозола, а според шпанските медиуми, тој после пријателскиот натпревар со Тунис (1:0) во саботата, „случајно“ го претставил младиот фудбалер како ново засилување на Реал.
Одриозола го фасцинирал Рамос уште на натпреварот кога Реал играше против Реал Сосиедад, а добар впечаток оставил и во текот на репрезентативните настапи и дружења.
Се верува дека Реал сега ќе понуди 40 милиони, но младиот играч, исто така го сака и Манчестер Јунајтед.
Одриозола е десен бек, а на Светското првенство во Русија доби место пред Хектор Белерин од Арсенал, па ова можеби е и доволен показател за каков играч се работи.