Connect with us

Ракомет

Капитенот Стоилов: Бевме подготвени за Келн, не сме за Скопје!

Ракометарите на Вардар синоќа во Келн го поразија Веспрем и ја освоија титулата во Лигата на шампиони 2019.

Екипата на Роберто Гарсија Парондо забележа победа во финалето на „Ф4“ во Келн против Веспрем со 27:24 (16:11).
Играчите на Вардар покажаа дека титула се освојува со срца, карактер и тимски дух.

Капитенот на европскиот шампион, Стојанче Стоилов, веднаш по победата за Balkan Handball изјави дека биле подготвени за сѐ што требаше да направат во Келн, но дека не се подготвени за она што ги чека дома во Скопје.
Ракометарите на Вардар попладнево околу 16 часот и 15 минути треба да слетаат на аеродромот во Скопје.
Според првичната агенда „црвено-црните“ требаше околу полноќ да се вратат од Келн со редовна линија, но плановите се променија и тие ќе летаат назад со чартер.
Пречек ќе има прво на аеродромот, а потоа и на плоштадот „Македонија“.
.