Connect with us

Фудбал

Капуто: Тоа беше моја идеја и не сакав никому да кажам ништо

Напаѓачот на Сасуоло, Франческо Капуто го прослави гол против Бреша во понеделникот вечерта со испраќање порака до италијанскиот народ.

Коронавирусот направи вистински хаос во Италија, а сега е решено да се прекинат сите натпреварувања во наредните 30 дена. Бројот на заразени во Италија се зголемува, при што бројот на смртни случаи се зголемува од час во час.

Затоа, откако го постигна својот 13-ти гол во Серија А, Капуто испрати порака: „Сè ќе биде добро, останете дома“.

„Тоа беше моја идеја. Не му кажав на никој, сакав да ја пренесам оваа порака. Ова е многу тежок период за целиот народ, апсурден е. Ние не знаеме дали ќе играме или не. Жал ни е, а исто така и ние се плашиме. Сега мора да се прегрупираме и одново да заочнеме“, рече Капуто, додавајќи:

„Мислевме дека сезоната ќе престане порано. Имам сопруга и три деца дома, тешко е да ги натераме да го напуштат нашиот клуб, но ние сме внимателни и според правилата, правиме сè. Ние буквално живееме во соблекувалната секој ден, 30 луѓе. не е лесно и треба да го заштитиме здравјето на секој еден од нас“.