Кошарка
Кари постигна 3 000 тројки, прв во историјата на НБА
Најдобриот кошаркар на Голден стејт, Стеф Кари, стана првиот играч во историјата на НБА кој постигнал 3 000 тројки.
Кари до рекордот дојде на натпревар против Денвер одигран ноќеска во Сан Франциско. Тој реализира пет тројки од 14 обиди.
Исто така, 33-годишниот Американец ја повтори рекордната серија по бројот на натпревари во низа со барем една прецизна тројка (157).
Кари е сопственик на рекордот за најмногу погодени тројки во историјата на НБА. На 15 декември тој го собори рекордот што му припаѓаше на Реј Ален (2973).