Connect with us

Фудбал

Кариерата му пропадна поради смртта на неговиот татко и алкохолот! Бразилецот се врати на теренот и стана мета за потсмев, Императорот се понижи (ВИДЕО)

Бразилецот Адријано беше еден од најдобрите фудбалери на планетата, но по смртта на неговиот татко се предаде на алкохолот и тоа му ја уништи кариерата. Сега се врати на теренот и стана предмет за потсмев. „Императорот“ се појави во егзибициски меч и кога ќе го погледнеме видеото од неговите потези – подобро да не ги облечеше повторно копачките… Тажно беше да се види еден од најдобрите напаѓачи во светот како се мачи на теренот и видеото од неговите катастрофални потези стана вирално на интернет, а Адријано беше понижен.

@nerdatleta44oficial Craques do Passado 🇧🇷 • Adriano 👑 ( Imperador ) #adriano #adrianoimperador #futebolbrasileiro ♬ som original – l_editsfut

Тешка животна приказна

Бразилецот Адријано Леите Рибеиро беше еден од најдобрите фудбалери во светот кога настапуваше за Интер, но неговите блескави игри на теренот останаа во сенка на животните драми низ кои минуваше…

Адријано дефинитивно беше еден од најталентираните фудбалери во историјата на фудбалот, велеа дека само небото му е граница… Сепак, неговиот луд начин на живот целосно го уништи…

„Смртта на татко ми ме уништи. Постојано бев пијан. Се изолирав, се видов во Италија сам, тажна и депресивeн и почнав да пијам. Повреден сум“, рече Адријано, во едно интервју.