Connect with us

Фудбал

Карим Бензема договори сè, наскоро и потпис

Published

on

Францускиот напаѓач Карим Бензема ќе остане играч на Реал Мадрид.

Неговиот договор истекува следната година, но наскоро ќе потпише нов договор со кој ќе се продолжи соработката со Кралевите до летото 2023 година.

Клубот го контактираше напаѓачот и изрази желба да ја продолжат соработката откако тој имаше фантастична сезона. Со едногодишно продолжување на договорот, Реал останува верен на својата политика да дава само помали договори за играчи постари од 30 години, односно договори за една година или максимум две години.

Ова е случај со Бензема, Рамос, Васкез и Лука Модриќ, но се поизвесно е дека Рамос ќе го напушти клубот на крајот на сезоната токму затоа што не прифаќа едногодишен договор.

Бензема го следеа и други клубови, Лион имаше желба да го врати, но во Мадрид сметаат дека е најдобро Французинот да остане член на Реал барем до крајот на сезоната 2022/23.

Како што стојат работите, Бензема е еден од најважните играчи на Реал Мадрид и неговиот професионализам не може да се доведе во прашање. Тој има уште многу што да му понуди на клубот и се надеваат дека ќе го задржат уште две години.

Facebook