Connect with us

Фудбал

Карим Бензема го тужеше францускиот министер за шокантната изјава за „Муслиманско братство“

Францускиот фудбалер Карим Бензема поднесе тужба за клевета против францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин. Во октомври Дарманин го обвини играчот на Ал-Итихад Карим Бензема дека има врски со групата наречена Муслиманско братство, која се смета за терористичка организација во Франција.

Министерот упати сериозни обвинувања кон поранешниот играч на Реал Мадрид во програмата на CNews за време на емисија во живо, само неколку дена откако Бензема ја објави својата поддршка за палестинскиот народ во војната против Израел.

Бензема поднесе тужба до Републичкиот суд на правдата, единствениот надлежен да им суди на членовите на владата за дела сторени за време на вршењето на функцијата, за „поткопување“ на честа и угледот. „Овој коментар ја „поткопува“ неговата чест и углед“, изјави адвокатот на Бензема. „Муслиманско братство“ е една од најстарите и најголемите исламистички организации во арапскиот и муслиманскиот свет, тие имаат широка мрежа на поддржувачи и членови од Египет до други земји.