Connect with us

Фудбал

Карим Бензема со јубилеен гол

Карим Бензема постигна број 300 за Реал Мадрид во победата од 4:1 против Валенсија.

Неговиот јубилеен гол падна во 43. минута од пенал. Во вториот дел Французинот постигна уште еднаш и веќе има 301 гол на 584 натпревари за Реал Мадрид. Повеќе голови за Реал Мадрид имаат само Кристијано Роналдо (450), Раул (323) и Алфредо Ди Стефано (308).