Други спортови
Карлсен и Каруана ќе решаваат во тај-брејк
Магнус Карлсен и Фабијано Каруана ремизираа и на дванаесеттиот меч од битката за светската шаховска титула во Лондон, што значи дека победникот ќе мора да биде решен во тај-брејк.
Иако проценките на експертите беа дека Карлсен има предност во денешната партија, двајцата шахисти се договорија за реми по 31. потег, што го однесе нивниот дуел во нова фаза поради фактот што сите дванаесет партии завршија без победник.
Според правилата на ФИДЕ, по два дена, односно на 28. ноември, Карлсен и Каруана ќе одиграат четири партии во забрзан шах , а доколку повторно нема победник, следуваат максимум пет блиц партии и евентуално мајсторка по која мора да биде познат новиот светски шампион.