Кошарка
Катастрофа на ЛА Лејкерс, најголемо разочарување во НБА лигата (ВИДЕО)
ЛА Лејкерс најголемото разочарување сезонава во НБА лигата. По поразот од Феникс Санс со резултат 121:110, Ла Лејкерс останаа без шанси за настап во плеј-офот.
Тимот кој беше шампион пред две сезони, во својот тим ги има едни од најдобрите играчи на денешницата како Леброн Џејмс и Ентон Дејвис, но на крајот не успеаја да се пласираат во плеј-офот.
Џејмс не настапи на овој меч, па главни играчи беа Расел Вестбрук со 28 поени и Ентони Дејвис со 21 поен и 13 скока.
Санс, кои се тим со најдобар лигашки сооднос (63:16), до победата ги предводеа Девин Букер со 32 поени и Деандре Ајтсон со 22 поени и 13 скока.
Тоа значи дека Сан Антонио Спарс и Њу Орлеанс Пеликанс ќе одат во плеј-офот од Западната конференција благодарение на победата од 123:109 на гости кај Сакраменто Кингс.
Спарс претходно го победија Денвер Нагетс со 116:97, а на гостите не им беше доволен одличниот Никола Јокиќ со ефект од 41 поен и 17 скока.
Торонто Репторс, кој ја победи Атланта Хокс со 118:108, дефинитивно ќе игра во плејофот на Истокот. Одличен беше Паскал Сијакам со 31 поен.
Резултати:
Индијана – Филаделфија 122: 131
Орландо – Кливленд 120: 115
Бруклин – Хјустон 118: 105
Мајами – Шарлот 144: 115
Торонто – Атланта 118: 108
Чикаго – Милвоки 106:127
Минесота – Вашингтон 114: 132
Оклахома Сити – Портланд 98:94
Денвер – Сан Антонио 97: 116
Јута – Мемфис 121: 115 (по продолженија)
Сакраменто – Њу Орлеанс 109:123
Феникс – ЛА Лејкерс 121: 110