Фудбал
Катастрофата на Јунајтед беше болна за гледање: Изгледот на лицето на Алекс Фергусон најдобро го опишува
Манчестер Сити го декласираше Манчестер Јунајтед во дербито со резултат 6:3.
Црвените ѓаволи одиграа катастрофално, Сити имаше предност од 6:1.
На моменти Јунајтед изгледаше немоќно, што играчите на Сити го искористија со урагански напади предводени од неверојатниот Ерлинг Халанд, кој мечот го заврши со хет-трик и две асистенции, хет-трик постигна и Фил Фоден.
Навивачите на Јунајтед го напуштија стадионот „Етихад“ незадоволни од излегувањето на нивните миленици на полувремето, а очигледно е дека кризата во Јунајтед е присутна речиси една деценија од заминувањето на Сер Алекс Фергусон.
Клубот не може да се стабилизира резултатски, далеку е од резултатите што ги имаше во ерата на Фергусон, а катастрофата на „Етихад“ ја следеше токму Сер Алекс Фергусон од трибините.
Изразот на лицето на легендарниот Фергусон зборува погласно од зборовите, а камерата го фати кога резултатот беше 4:0, што беше и резултат на првото полувреме.
Многу работи не се во ред за Манчестер Јунајтед и ќе мора сериозно да ги разнишаат работите доколку сакаат да направат нешто повеќе оваа сезона.
Натпреварот на Етихад е дополнителен аларм за тимот да почне да се крева. Иако претходно имаа четири последователни победи, денешниот пораз сигурно болеше и раните нема да зараснат баш така.
„Црвените ѓаволи“ моментно се на шестото место со 12 бода од седум натпревари, а во следното коло ги очекува уште едно тешко гостување кај тимот на Евертон.
Во меѓувреме, Јунајтед во четврток ќе одигра натпревар од третото коло во Лига Европа каде гостува на Кипар кај Омонија.