Ќатип Османи ќе биде тренер на Шкупи

Екипата на Шкупи ќе го назначи третиот тренер за оваа сезона. После Умит Каран, дојде Булент Акин, но тој ја водеше екипата само на два натпревари, а сега доаѓа проверено име.

Станува збор за Ќатип Османи, доскорашниот тренер на Шкендија кој што пред неколку недели беше сменет од клупата на тетовскиот тим. Османи и раководството на чаирскиот тим си подадоа рака, и сега се очекува само официјалната промоција.