Ќатип Османи официјално на клупата на Шкупи

Ќатип Османи ќе биде новиот тренер на Шкупи. Денеска тимот од Чаир го промовираше тренерот кој што во последните две години освои две титули со Шкендија.

Османи потпиша договор на две години, а со него како асистент доаѓа и Башким Љиворека кој што работеше во Шкендија.

Османи доаѓа во Шкупи на местото на Булент Акин кој само по два меча се раздели со чаирскиот тим.