Фудбал
Кавани: Оле ме убеди да потпишам со Јунајтед
Манчестер, 10 октомври 2020 (МИА) – Новиот напаѓач на Јунајтед, Единсон Кавани призна дека главната заслуга за неговиот трансфер на „Олд Трафорд“ е на менаџерот на тимот Оле Гунар Солскјер.
– Да, имав разговор со менаџерот и да бидам искрен, токму тој ме охрабри да дојдам во Јунајтед. Разговаравме за психолошката страна на нештата. За тоа како се подготвуваш за секој натпревар, за тоа што значи конкуренцијата, што е важно за тимот. Можам да кажам дека имавме исто мислење за многу работи за кои разговаравме и дискутиравме, рече Кавани.