Фудбал
Кавани уште една година ќе стрела за Манчестер Јунајтед!
Манчестер јунајтед и официјално го продолжи договорот со Едисон Кавани, кој ќе остане на „Олд Трафорд“ до 2022 година. Кавани буквално ги примора челниците на Манчестер Јунајтед да сторат сѐ за да го задржат уште една сезона на „Олд Трафорд“.
„Во текот на сезоната се поврзав со тимот и со тоа што го претставува. Чувствувам врска со соиграчите и луѓето кои работат зад сцената. Тие ми даваат дополнителна мотивација секој ден за да може да направиме специјални работи“, кажа Кавани.
Кавани постигна 15 голови сезонава, па го убеди раководството на „црвените ѓаволи“ да му го продолжи договорот.
„Кога Кавани потпиша првпат кажав дека ќе ни донесе енергија, лидерство и не згрешив. Тој го постигна тоа што мислев“, вели Солскјер.
Според англиските медиуми, наскоро се очекува и официјална потврда од Манчестер Јунајтед.