Connect with us

Фудбал

Кавани заминува од Јунајтед, Барселона или Јувентус?!

Пред само неколку дена англиските медиуми објавија дека Единсон Кавани заминува од Манчестер Јунајтед и ќе го исполни сонот на многу фудбалери, да игра во Барселона. Сепак, од Италија нова вест. Наводно Јувентус одлучил да не го откупи договорот на Алваро Мората од Атлетико Мадрид, па со сите сили ќе се сврти кон Единсон Кавани, кого сака да го ангажира уште во јануари.

Првата цел сепак е Влаховиќ од Фиорентина, но тимот од Фиренца не се откажува така лесно од него, барем не под 70 милиони евра. Со оглед на финансиската состојба, тешко е да се верува дека Јуве во јануари ќе исплати толкава сума.